Почетна » Fundraising
 

Да направиме заедно...

Fundraising

 


Да направиме....
Симбол на хуманост и човекољубие за сите времиња...
Место кое ќе го потврди нашиот силен христијански дух...
Со Вечна потврда на основните христијански принципи -
Вера, Надеж и Љубов...


Почитувани браќа и сестри,

Парохијата Миравци и храмот Св. Константин и Елена отпочна со изградба на капела со сите пратечки содржини на во центарот на Миравци, како вечен дом и почивалиште. Ова капела, за нас како Парохија има големо и приоритетно значење, се разбира не занемарувајќи ги останатите градителски потфати, коиво претходните години веќе ги имавме започнато на останатите објекти во парохијата.

Така, годинава очекуваме да заврши целосната реконструкција на потпорниот зид на црквата „Св. Константин и Елена“ и „Св. Петка“ каде моментално, и на двете места, се изведува фрескоживописот, како завршна фаза пред нивно целосно преосветување. Мораме да признаеме дека во овие тешки економски услови во Република Македонија градителски потфати и проекти многу е тешко да се изведат на време онака како што порано било планирано. Брзото реализирање на овие богоугодни дела сепак зависи од финансиските средства.

Затоа напоменуваме дека сите наши браќа и сестри кои помагаат во изградбата вакви потфати на православни духовни светилишта во исто време се градат и себеси, ја градат и историјата, но и вкусуваат од залогот на вечноста. Градењето колку што е аскетско, толку е и богоугодно дело. Во животот сé се менува - се менуваат времињата, цивилизациите, градовите растат или се намалуваат, но светилиштата остануваат вечни, токму поради вечните вредности што во нив се случуваат.

 

 

Донирајте средства за доизградба на храмот „Св. Константин и Елена“,
зашто градејќи Божји храм, всушност се градиме себеси и нашите најблиски како личности.


Депонент: Стопанска Банка
ж-сметка: 200001955491183
Македонска Православна Црква
Повардарска Православна Епархија
„Св. Константин и Елена“, Миравци



 





 
 

Прибирање на средства - Капела

Молба
Ние црковниот одбор при црквата „Св. Константин и Елена“, Миравци со старешина на црквата отец Петар Петрушев ја доставуваме оваа молба до Вас

icon