Почетна » Фото Галерија
 

Фрескопис

Сликањето со земјени бои (природни пигменти) растворени во вода врз влажен малтер направен од ситен речен песок, гасена вар и насечена слама, коноп или козји влакна, е познато под името „фреско“ техника. Таа е една од најстарите и најтрајните сликарски техники, најотпорна на временската ерозија.

Македонија спаѓа меѓу земјите со најубав сочуван византијски фрескопис, воглавно од периодот на XI-XVI век. Сочувани се повеќе илјадници квадратни метри фреско-живопис, од кои поголемиот дел се во многу добра состојба, и претставуваат ремек дела

Фрескопис Парохија МиравциФрескопис МПЦ ОА
icon
 

Икони

Со помош на бои, облици и линии, низ еден јазик на симболичен реализам, сликарски израз единствен во својот род, ни се открива духовната состојба на човекот спасен во вечноста на Царството Небесно. Човекот – храм Божји. Внатрешниот ред и мир во духовниот живот, за кој сведочат Светите Отци, се пренесени на иконата со спокојни и хармонични потези.

Св. Наум Охридски, XIV-XV век Св. Наум Охридски, XIV-XV век
Икони Парохија Миравци Икони МПЦ ОА

Македонската збирка на икони, особено Охридската е една од највредните во светот, денес. После Синајската и Московската збирка икони, таа е трета по значење во Православието. Од византолошки апект, е единствена.

icon
 

Манастири и Цркви

Повеќето од македонските манастири, градени во различни периоди, посебно оние градени од XI до XV-XVI век, во целост се сочувани и денес. Освен вредниот живопис, по кои Македонската школа е позната во светот, тие во своите древни ризници кријат невидливи записи за духовниот код на монашкиот подвиг што се одвивал во нив.

Манастири и Цркви
Парохија Миравци
Манастири и Цркви МПЦ ОА
icon
icon