Почетна » Св. Константин и Елена

Св. Константин и Елена

Црквата е една. Господ не востанови многу цркви, туку една. А таа една Црква се поистоветува со единственото Тело на единиот Христос. Но, заради тоа што таа една Црква се остварува, се пројавува и иконично се изобразува во евхаристиската заедница, таа, според природата на нештата, се појавува како многу Цркви, зашто незамисливо е да постои една евхаристиска заедница за цел свет.

Како што Светата евхаристија го остварува целиот Христос, а не само некој Негов дел така и секоја локална Црква претставува потполно Тело Христово, а не само некој Негов дел. Значи, според православната еклисиологија секоја локална епископска Црква претставува потполна, соборна Црква, исполнета со сите благодатни богочовечки дарови Божји потребни за спасение на луѓето, односно претставува цело Тело Христово, зашто поимот Црква се засновува на Светата евхаристија.

Црквата, како тело Христово, го знае патот на спасението и на култот на личноста, егзистенцијалистичкиот и атеистичкиот пристап, се спротивставува преку изворната суштина на црковното остварување на личноста.

 
„Св. Константин и Елена”, Миравци
„Св. Константин и Елена”, Миравци

Храмот „Св. Константин и Елена“ во Миравци е изграден во 1860 година. Во 1892 година првобитната црква била опожарена, но брзо била обновена, и тоа уште во текот на 1893 година. Градител на црквата бил Андон Китанов. Во 1989 година црквата во Миравци повторно била опожарена и разурната, со исклучок на надворешните ѕидови кои одолеале на огнената стихија. Храмот бил повторно обновен во 1990 година.

Денешната подновена црква „Св. Константин и Елена” според својата архитектурна форма, е трикорабна со тавани и со полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест четвртасти колони во два реда. На јужната и западната страна има изградено нов отворен трем.

По второто опожарување, внатрешните ѕидови на црквата не се зографисани, со исклучок на олтарната апсида од внатре, која делумно е покриена со нови фрески. Иконостасот е нов, и е изработен во 1990 година.

 
„Св. Константин и Елена”, Миравци
„Св. Константин и Елена”, Миравци


„Св. Константин и Елена“ - Парохија Миравци
Свештеник Петар Петрушевски - старешина
Свештеник Петар Петрушевски
Роден е на 17. 06. 1979 год. во Струмица.Основно образование завршил во Богданци, а средно во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а потоа се запишал на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде и се уште вонредно студира.
За ѓакон е ракоположен на 16.09.2007 година, а за свештеник на 25.11.2007 во црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци од Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Тел.  (+389) 034 521  321 (+389) 070 551  185
(+389) 075 202  162 (+389) 078 604  221
 


 
Парохија Миравци „Св. Константин и Елена”
Парохија Миравци

„Св. Константин и Елена”- Црква, Миравци
„Раѓање на Пресвета Богородица” - Црква, Давидово
„Св. Илија“ Манастир
„Вознесение Христово“ - Црква, Петрово
„Св. Петка”- Црква, Милетково
„Св. Атанасиј Велики” - Црква, Габрово




 
Олтар „Св. Константин и Елена”
Олтар „Св. Константин и Елена”
Божествена Литургија, Веронаука, ...
Црковна Служба - Распоред ...
 




 
 
Повардарска епархија
Повардарска Епархија, Велес

Повардарската епархија е со седиште во Велес. Со неа управува епархискиот архиереј, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Епархијата има три намесништва: Велешко, Кавадаречко и Гевгелиско. Територијата на Епархијата се совпаѓа со државните граници на градовите: Велес, Кавадарци,


 
icon