Почетна » Св. Константин и Елена » Повардарска Епархија
 

Повардарска Епархија

Како што Светата евхаристија го остварува целиот Христос, а не само некој Негов дел така и секоја локална Црква претставува потполно Тело Христово, а не само некој Негов дел. Значи, според православната еклисиологија секоја локална епископска Црква претставува потполна, соборна Црква, исполнета со сите благодатни богочовечки дарови Божји потребни за спасение на луѓето, односно претставува цело Тело Христово, зашто поимот Црква се засновува на Светата евхаристија.


Детал, од Црква Повардарската Епархија, Велес

 

Повардарската Епархија

Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на 18. 11. 1977 година, на синодска седница одлучи да се оформи посебна Повардарска епархија, под назив „Епархија Повардарска”. На седницата се одлучи архиереј на епархијата да биде назначен Неговото Високопросвештенство г. Гаврил. Епархијата целосно започна со својата работа од 1 јануари 1978 г.

Повардарската епархија е со седиште во Велес. Со неа управува епархискиот архиереј, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Епархијата има три намесништва: Велешко, Кавадаречко и Гевгелиско. Територијата на Епархијата се совпаѓа со државните граници на градовите: Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Валандово.

  • 20 парохии, 178 храмови.
  • 38 свештеници, 2 ѓакони, 2 расофорни монаси.
  • 175.000 верници.
  • Околу 2.000 крштевки и 1.000 венчавки годишно.
  • 25 манастири, најпознати се: „Св. Димитрија” Велес и „Св. Ѓорѓи” Неготино.
  • Епархиски музеј.

Митрополитот Гаврил беше епископ на Повардарската епархија се до 1989 г. кога беше избран за Архиепископ на Македонската православна црква, а на негово место дојде г.Михаил. Во 1992 г, г-дин Гаврил се повлече од Архиепископскиот престол, а на негово место дојде Повардарскиот митрополит Михаил, кој воедно беше и администратор на Повардарската епархија.


icon