Почетна » Православие
 

Православие

Свето Откровение

Извори на православната теологија се: Божјото откровение, Светото Писмо и Светото Предание. Под Божјо Откровение се подразбираат вистините за Битието, дејноста на Бога, за битието на светот и човекот. Божјото откровение се дели на природно и духовното(надприродно). Природното е она што ни го открил Бог во нас самите и во надворешниот свет, до кое доаѓаме преку истражувањето на нашиот разум. Во овој вид откровение Бог дејствува преку природните закони.

Надприродното откровение е она што ни го открива Бог на надприроден начин, но не и против законите што и се својсвени на нашата природа. Тоа се оние вистини до кои човековиот разум не може да дојде со своите сопствени способности, а не е ни во состојба да ги разбере и усвои. Надприродното откровение е посредно и непосредно.

Посредно надприродно откровение е она кое ни го дал Бог преку избрани луѓе, какви што биле пророците и апостолите.

Непосредно надприродно откровение е кога се јавува Самиот Бог, кога Он Самиот дејствува и говори. Тоа откровение станало при овоплотувањето на нашиот Спасител Господ Иисус Христос.

Содржината на откровението е заедништво со Отецот, преку Синот во Светиот Дух, или вечен живот, вечно заедничарење со Бога, тоа е Божјиот најголем дар даден на луѓето. Бог во откровението се подарува Себеси на човекот, а од човекот очекува и тој да го направи истото. Божјото откровение го постигнува својот максимум во личноста на Богочовекот Иисус Христос. Он е полнота и посредник на откровението. Он е истовремено и оној кој го открива и самото откровение. Надприродното откровение не станало одеднаш, тоа има своја историја и свој развиток, луѓето не биле од секогаш спремни да го примат и усвојат. Започнува од Адам и завршува со Господ Иисус Христос и апостолите. За учењето на историскиот напредок во надприродното откровение се говори и во делата на светите Отци. Св. Григориј Назијанзин (Богослов) вели: ,,Стариот Завет го содржи откровението на Отецот, Новиот Завет на Синот, а по вознесението на Синот, при испраќањето на Светиот Дух се пројавува третото лице на Света Троица, за да не им биде дадено се одеднаш на верните. Со доаѓањето на Господ Иисус Христос се завршува надприродното Божјо откровение. Бог им се открива на луѓето затоа што безгранично ги љуби и не ги остава без цвојата промисла и грижа. Затоа им се откривал и ги водел низ историјата. Луѓето, пак имаат постојана потреба од Божјата помош и ја чуствуваат својата зависност од Него.

Бог од љубов кон нас ни го подарил светото откровение. Еден дел од него е запишан во Светото писмо а другиот кој е предаден усно се нарекува Свето предание. И едното и другото ги чува и толкува нашата Света, Соборна и Апостолска Црква.

 


 

Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија

 

Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) или само Македонска Православна Црква (МПЦ) е официјална православна црква во Република Македонија.
Грб - МПЦ-ОА

Историја
Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и шири Апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски“. На тие негови патувања го придружуваат и ...
 

Св. Елена и Светиот крст

Elena
Пронаоѓање и потврдување на Светиот крст

Фреска од серијата Легенди за Светиот крст која ја насликал уметникот помеѓу 1452. и 1466. во црквата св. Фрањо во Арец, Италија. Фреската на левата страна ја прикажува св. Елена со работници кои штотуку ги откриле трите крста. На десната страна прикажано е воскреснување на момче благодарејќи на чудотворната моќ на крстот и молитвата на св. Елена. Царицата е прикажана во молитвена положба со ореол околу главата.

 


 

ЗА ПОСТОТ

Вознесение Христово

Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот рај - да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2,17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушност и воздржување.
“Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили” (лукавиот и неговите црни ангели) (Матеј 17, 21; Ефес. 6,12), неопходно средство за стремеж на човекот кон духовно совршенство, надежна сила за давање отпор во духовната немоќ и благодатна ризница ...



 

Блажениот Старец Јосиф,
наречен Исихаст или Тухивател

ХАРМОНИЈАТА НА ТЕЛЕСНАТА УМЕРЕНОСТ

И ете, со Бога ќе започнам прво да ти раскажувам како треба да одиш по тој тесен пат кој, макар што е трнлив, брзо ги доведува тие што одат по него до мир и бестрастие, а кога ќе стапнеш на него, о добар патнику, ќе се израдуваш иразвеселиш. Зашто, за сметка на мала скрб, ќе пожнееш многу прекрасни и добри класја.
А накратко ќе кажеме вака: да го скротиме и да го врземе непослушното тело, за тоа да се потчинува на духот, и почнувајќи од пладне, да го правиме тоа дваесет и четири часа во денот, а за почеток да го поставиме седмиот час, зошто него Бог го благословил. Откако ќе ја изедеш храната, којашто ти следува согласно правилото (за кое ќе кажеме подолу), отспиј доволно време. А откако ќе се разбудиш, изврши го вечерното правило со бројаницата, и штом завршиш, испиј шолја кафе да те крепи за бдението, и започни го повечерието во безмолвие, во темнина, за себе. Прочитај го и Акатистот на Пресвета Богородица. Штом ќе го направиш и тоа, стани, ако можеш исправен, и откако ќе ги поставиш рацете крстообразно на градите, без да се потпираш на нешто, кажи ја во умот следнава молитва (а светлина не пали, зошто светлината го расејува умот).

„Пресладок Господи Исусе Христе, Оче Боже, Господи на милоста и Создателу на секоја твар! Погледни кон моето смирение и прости ми ги моите гревови, што сум во текот на целиот мој живот, што сум ги направил до овој ден и до овој час. И испрати го Пресветиот Твој Дух, за Тој да ме просветли, насочи, очисти, покрие, запази и да ме удостои веќе да не гршам, туку со чиста мисла да Ти служам и да Ти се поклонувам, и да те славословам, да Ти благодарам и да Те сакам се сета своја душа и со сето свое срце, Тебе



 

Чудотворни икони

Икона [грчки - εικων, латински - imago, икона, лик, слика, представа]

Пресвета Богородица

Како сликовна претстава, иконата може да има историска, естетска и археолошка карактеристика, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковно богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, ...

...

..

Да се застане пред икона е како да се стои под отворено ѕвездено небо.
Во иконите се има свое значење - уметничко, суштинско, ...

icon